Манчестер Сити и Ливерпул се пласираа во четвртфиналето на идентичен начин по изведување на пенали.
Брајтон во дуелот со Сити прв зададе удар и поведе во 30. минута, кога Јалкуе ја затресе мрежата на голманот Рули. „Граѓаните“ не се откажаа и успеаја да се вратат во натпреварот пет минути пред паузата, кога хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ погоди за 1-1.
На почетокот на второто полувреме, Брајтон повторно дојде до предност. Само две минути по продолжувањето, Рутер се запиша меѓу стрелците за водство од 2-1. Сепак, Манчестер Сити продолжи да притиска, а наградата за упорноста стигна во 72. минута, кога Витор Реис го постигна израмнувачкиот гол за 2-2.
До крајот на средбата резултатот не се промени, иако Брајтон имаше голема шанса да ја реши средбата во регуларниот дел. Винтер се најде во идеална позиција, но не успеа да ја искористи можноста, па патникот во четвртфиналето мораше да биде одлучен преку пеналите.
Таму на сцена стапи голманот Рули, кој се претвори во херој на „граѓаните“. Тој ги одбрани последните два удари од белата точка на фудбалерите на Брајтон и му донесе на Манчестер Сити место меѓу најдобрите осум во Лига Купот.
Во дербито од оваа фаза во кое се сретнаа Ливерпул и Челси двата гола во регуларниот дел беа постигнати во првиот дел, а и двата по удари од белата точка. Прво Роџерс стрелаше во 40-тата минута за водство на „сините, а Гакпо на ист начин возврати три минути подоцна.
Второто полувреме не донесе промена на резултатот, додека по пеналите се радуваше тимот на Ливерпул. Интересно е што досега Ливерпул и Челси дури пет пати играле на пенали и во сите ситуации се радувале „црвените“
Останати резултати:
Борнмут – Астон вила 3-0
Фулам – Кристал палас 0-1
Сандерленд – Брентфорд 3-2