Фудбал

Mбапе не простува грешки – Реал води на полувреме! (ВИДЕО)

Mбапе не простува грешки – Реал води на полувреме! (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја искористи грешката на Барселона, Мбапе погоди за водство во „Ел Класико“

Реал Мадрид го почна подобро големото дерби против Барселона, а иницијативата ја круниса со погодок во финишот на првото полувреме.

Во 41. минута Диоманде испрати топка во противничкиот шеснаесетник, одбраната на Барселона лошо реагираше, а топката стигна до Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач ја искористи укажаната можност и ја затресе мрежата за водство на „кралевите“.