Реал Мадрид има сигурно водство од 2-0 против Севиља и еден од стрелците беше Мбапе, но Французинот во една ситуација во првиот дел и го спаси голот на гостите.
Се играше 17-тата минута кога Валверде при резултат 0-0 упати силен удар кој тешко дека голманот на Севиља ќе можеше да го одбрани. Сепак, пред него се најде францускиот голгетер кого топката го погоди и така не заврши во мрежата.
Мбапе набрзо се оправда со еден одличен гол во кој го издрибла и противничкиот чувар на мрежата, пред него стрелаше Арда Ѓулер.