Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт ја забележаа втората победа сезонава во германската Бундеслига, откако на домашен терен славеа минимално со 1-0 против Келн, во натпревар од шестото коло.
Херој на домаќините беше Ебунталиб, кој во 77. минута го постигна единствениот гол на средбата и му донесе важни три бода на својот тим.
Акцијата за погодокот беше одлично изработена, а посебно внимание привлече асистенцијата на Асеко-Енкили. Со оваа победа Ајнтрахт стигна до осум бода и се искачи на осмото место на табелата. Келн, пак, останува на 11. позиција со седум освоени бода.



