Шпанскиот тениски ас Карлос Алкараз продолжува со одличните настапи на АТП 500 турнирот во Виена, откако во второто коло го совлада Томи Пол со 2-0 во сетови (6-4, 7-6).
Вториот носител на турнирот уште од самиот почеток тргна сигурно и го доби со 6-4.
Сепак, во вториот сет Пол заигра многу подобро и му пружи сериозен отпор на фаворитот. Американецот успеа да го одведе сетот во тај-брејк, но таму Алкараз покажа поголема сигурност и концентрација, па го реши мечот без потреба од трет сет.
Сега пред Алкараз сега можеби е посериозен предизвик, бидејќи во полуфинале ќе ги одмери силите со рускиот тенисер Данил Медведев.