Фудбал

Валенсија со спектакуларен пресврт до опстанок во Примера, Реал Мадрид рутински кај Севиља

Валенсија со спектакуларен пресврт до опстанок во Примера, Реал Мадрид рутински кај Севиља

Валенсија, со Столе Димитриевски на голот, извојува клучна победа против Реал Сосиедад со пресврт во финишот, обезбедувајќи опстанок во Примера. Реал Мадрид забележа минимална победа на гостувањето кај Севиља.

Екипата на Валенсија, со македонскиот голман Столе Димитриевски меѓу стативите, приреди вистинска драма и со спектакуларен пресврт во последните минути ја совлада Реал Сосиедад со 3-4 во 37. коло на шпанската Примера. „Лилјаците“ покажаа неверојатна борбеност, иако од 70. минута играа со играч помалку и беа во негатива. Сепак, со головите на Гвидо Родригез во 89. и Хави Гуера во 93. минута, успеаја да дојдат до триумф кој им обезбедува опстанок во елитната лига.

Оваа победа е од огромно значење за Валенсија, која сега има 46 бода на табелата, шест повеќе од Џирона, првиот тим во опасната зона. Столе Димитриевски уште еднаш беше важен фактор за неговиот тим, придонесувајќи за овој клучен резултат во битката за опстанок.

Во другите натпревари, Реал Мадрид оствари минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Севиља. Единствениот погодок за „кралевите“ го постигна Винициус Жуниор во 15. минута. За Реал ова беше речиси незначајна победа, додека андалузискиот тим ќе мора да се бори за потврда на опстанокот во последното коло.

Важни победи забележаа и Леванте над Мајорка (2-0), Еспањол ја совлада Осасуна со 1-2, Алавес беше подобар од Овиедо со 0-1, Атлетико Мадрид минимално ја порази Џирона со 1-0, а Елче со истиот резултат го надигра Хетафе. Бодовите ги поделија Атлетик Билбао и Селта Виго со реми 1-1, додека Рајо Ваљекано славеше со 2-0 против Виљареал.