Откако денеска го дозна својот противник за првото квалификациско коло од Конференциската лига, кратовски Силекс се одлучи за убав потег со кој ги израдува своите симпатизери.
Со цел да се обезбеди што поголема поддршка од трибините за мечот со Динамо Минск, раководството на клубот соопшти дека за сите навивачи од Кратово кои сакаат да го проследат натпреварот во живо во Скопје, ќе бидат обезбедени бесплатен превоз и гратис билети за мечот.
Овој гест на кратовци треба да придонесе за уште подобра атмосфера на стадионот и ќе биде дополнителен мотив плус за фудбалерите.
Реванш натпреварот е закажан за 16 јули во Скопје со почеток во 20 часот, додека првиот дуел ќе се одигра седум дена претходно во Белорусија.