Фудбал

Силекс доби тим од Белорусија, Шкендија ќе игра со противник од Гибралтар

Силекс доби тим од Белорусија, Шкендија ќе игра со противник од Гибралтар

Македонските претставници во квалификациите од Конференциската лига, Силекс и Шкендија денеска ги добија своите противници за првото коло.

Силекс за противник го доби поранешниот белоруски шампион, Динамо Минск. Првиот натпревар го игра на гостински терен, а реваншот е во Скопје.

Шкендија ќе игра против тимот на Европа од Гибралтар, а исто така на првата средба ќе биде гостин, додека реваншот го игра дома.

Првите натпревари се играат на 9 јули, додека реваншите се закажани за 16 јули.