Фудбал

Роберто Лопес од Зеленортските Острови има неверојатна приказна

Роберто Лопес од Зеленортските Острови има неверојатна приказна

Зеленортските Острови вчера направија чудо на Светското првенство откако останаа непоразени против големиот фаворит, селекцијата на Шпанија.

Оваа егзотична земја стана хит, од таму доаѓа и неверојатна приказна за фудбалеорт Роберто Лопес.

Пред само десет години Лопес работел како советник за станбени кредити во Ирска и паралелно играл полупрофесионален фудбал за Бохемијанс.

Пресвртот во неговата кариера се случил во 2017 година кога добил професионален договор од Шамрок Роверс, но уште поневеројатен е патот до репрезентацијата. Тогашниот селектор Руи Агваш го контактирал преку LinkedIn откако дознал дека неговиот татко потекнува од Зеленортските Острови.

„Мислев дека е спам порака и ја игнорирав“, открива Лопес.

Дури девет месеци подоцна повторно добил порака, која овојпат ја превел со Гугл Транслејт и сфатил дека станува збор за повик во националниот тим. Лопес дебитираше во 2019 година, а денес е незаменлив дел од репрезентацијата. Само неколку дена по историскиот пласман на Мундијалот, тој стана и татко, откако неговата сопруга Леа го роди синот Диего.

Против актуелниот европски шампион Шпанија беше меѓу најдобрите на теренот, неговата блокада во 88. минута по ударот на Ојарсабал му донесе статус на херој кај навивачите на Зеленортските Острови.