Фудбал

Вардар победи на првиот тест во Норчија

Вардар победи на првиот тест во Норчија

Актуелниот македонскиот шампион, Вардар, го одигра првиот тест меч во Норчија, Италија, каде ги одржува подготовките за новата сезона, црвено-црните го совладаа тимот на Умбрија со 2-1.

Умбрија е италијански нисколигаш, аматерска селекција на фудбалери. Составот на Вардар беше пред се од млади фудбалери зачинет и со неколку поискусни играчи.

Со голови на младите надежи Огнен Јаков и Иво Марковски во првото полувреме, Вардар водеше со 2-0. Во вториот дел гол даде и италијанскиот тим за конечни 2-1 за македонскиот тим.

Стартери за Вардар беа: Диковски – Мишковски, Најдовски, Куестас – Јевтовски, Дурански, Д. Тодоровски, Ф. Цветковски – Иво Марковски, Огнен Јаков, Данев.

Резерви: Велковски, Мурџевски, Бајрами, М. Николов, Митановски

Остатокот од фудбалерите денеска имаа слободен ден.

На тимот на Вардар во Норчија му се приклучија и петте репрезентативци кои подоцна ги почнуваат подготовките.