Денеска излезе распоредот за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), дербито меѓу Вардар и Шкендија на програмата е во второто коло.
Првата лига ќе почне на 25 јули. Од оваа сезона натпреварувањето брои 10 екипи и ќе се игра четирикружно.
Првото дерби во новата сезона меѓу Вардар и Шкендија ќе се одигра во второто коло.
Паровите за стартот на сезоната, односно првото коло се:
Вардар – Брегалница
Шкендија – Скопје
Струга ТЛ – Шкендија Арачиново
Силекс – Башкими
Тиквеш – Арсими
