Кристијан Ериксен по втор пат колабираше на фудбалски терен, но благодарение на пејсмејкерот и брзата реакција, неговиот живот е повторно спасен. Сепак, овој инцидент отвора прашање за неговата понатамошна кариера.
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен повторно ја шокираше јавноста откако колабираше за време на натпревар, овој пат во 65. минута од дуелот меѓу Данска и Украина во Одензе. Иако првичниот страв беше огромен, Ериксен е свесен и се чувствува добро, потврди Фудбалскиот сојуз на Данска.
Докторот на репрезентацијата, Мортен Боесен, кој му го спаси животот и во 2021 година, изјави дека пејсмејкерот си ја завршил работата. Ериксен кратко ја изгубил свеста, но брзо се освестил и сам го напуштил теренот. Тој ќе биде подложен на дополнителни прегледи за да се утврди причината за инцидентот, но е во постојан контакт со тимот и им порача дека е добро.
Капитенот Пјер-Емил Хејбјерг ја опиша шокантната ситуација, пофалувајќи ја брзата и достоинствена реакција на сите присутни. Фудбалерите на двете репрезентации веднаш го опколија Ериксен додека лекарите му укажуваа помош, спречувајќи било какви непристојни снимки. По натпреварот, сите стоеја прегрнати, нагласувајќи дека најважно е што Кристијан е добро.
Ериксен првпат колабираше на Европското првенство во 2021 година поради срцев удар, по што му беше вграден пејсмејкер. Поради италијанските правила, мораше да го напушти Интер, но ја продолжи кариерата во Брентфорд, а потоа и во Манчестер Јунајтед, со кого освои два Купа. Неговиот трансфер во Волфсбург е планиран за летото 2025 година.
Сепак, овој последен инцидент отвора прашање дали е време да се стави крај на фудбалската кариера. Како што истакнува кардиологот Хенинг Мелгард, иако пејсмејкерот го спасил, ваквите настани се сериозни и можат да се повторат. Повеќето професионални клубови веројатно нема да сакаат да ризикуваат, сугерирајќи дека е време Ериксен да размисли за нешто друго. Животот е сепак поважен од фудбалот.