Фудбал

Мурињо бара од Перез да украде фудбалер од пред носот на Барселона

Мурињо бара од Перез да украде фудбалер од пред носот на Барселона

Жозе Мурињо побарал од Флорентино Перез да биде ангажиран Бернардо Силва, кој се верува дека е пред потпис со Барселона.

Флорентино Перез го одбра Жозе Мурињо за нов тренер на Реал Мадрид, и веќе му обезбеди две засилувања на „специјалниот“ – Ибрахима Конате и Дензел Дамфрис.

Тој исто така најави и „галактико“ засилување за кого ќе понуди 150 милиони евра, иако името не се открива, шпанските медиуми тврдат дека станува збор за Мајкл Олисе.

Во меѓувреме, весникот „АС“ објави дека Жозе Мурињо лично побарал уште едно засилување, односно Бернардо Силва.