ФИФА Мундијал 2026

Солзи и страв го замрзнаа Парагвај: Повредата на најдобриот ја засени еуфоријата

Солзи и страв го замрзнаа Парагвај: Повредата на најдобриот ја засени еуфоријата

Парагвај ја победи Никарагва со 4:0 во последната проверка пред Светското првенство, но радоста ја засени тешката повреда на најдобриот играч, Хулио Енсисо.

Фудбалската репрезентација на Парагвај оствари убедлива победа од 4:0 против Никарагва во последната пријателска средба пред Светското првенство. Сепак, триумфот остана во сенка на драматичната повреда на Хулио Енсисо, најголемата ѕвезда на тимот, кој беше изнесен од теренот на носилки веќе во првото полувреме.

Енсисо, фудбалерот на Стразбур, кој е во сопственост на Челзи, не можеше да ги сокрие солзите додека го напушташе теренот, држејќи се за бутот. Оваа сцена предизвика голема загриженост кај навивачите и стручниот штаб, бидејќи постои голема веројатност дека ќе го пропушти Мундијалот.

Според локалните медиуми, Енсисо најверојатно ќе ги пропушти најмалку првите два натпревари на Парагвај на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, што практично значи крај на неговиот настап на турнирот. Ова е огромен удар за Парагвајците, бидејќи Енсисо е највлијателниот и најквалитетниот играч во нивниот состав.

И покрај повредата на Енсисо, Парагвајците ја декласираа 131. селекција на светот во Асунсион. Стрелци за Парагвај беа Каку од пенал во 17. минута, Мигел Алмирон во 42., Матијас Галарза во 62. и Алехандро Маидана во 67. минута. Натпреварот беше проследен со спектакуларен огномет, кој приреди вистински карневал за навивачите, но и тој не можеше целосно да ја засени загриженоста за повредата на клучниот играч.

Парагвај на Светското првенство ќе игра во групата Д заедно со Турција, САД и Австралија.