Ракомет

Јована Мицевска ќе го брани голот на Црвена звезда

Јована Мицевска ќе го брани голот на Црвена звезда

Женскиот ракометен клуб Црвена звезда го потврди ангажманот на македонската голманка, Јована Мицевска.

Црвена звезда денеска претстави неколку засилувања, а меѓу нив е и нашата голманка Јована Мицевска.

Црвено-белите имаат амбициозен проект, не целат само кон доминација во домашното првенство, туку сакаат да направат исчекор и во европските натпреварувања.

За македонската голманка ова е прв ангажман по епизодата во Слатина од Романија, а во изминатиот период направи пауза откако на пролет стана мајка и сега се враќа на терените. Претходно го носеше дресот уште на Вардар и Ница.

Исто така беше и стандардна репрезнетативка на Македонија и настапи на Европските првенства во 2022 и 2024 година.