Тенис

Хвалинска по сензационалниот пласман во финалето на Ролан Гарос: Се молам за Ѓоковиќ

Хвалинска по сензационалниот пласман во финалето на Ролан Гарос: Се молам за Ѓоковиќ

Полската тенисерка Маја Хвалинска, која од квалификациите стигна до финалето на Ролан Гарос, зборуваше за Новак Ѓоковиќ, изразувајќи восхит кон неговата игра и кариера.

Маја Хвалинска, полската тенисерка која направи вистинско чудо на Ролан Гарос, пласирајќи се во финалето од квалификациите, го привлече вниманието на светската спортска јавност. Пред почетокот на турнирот, Хвалинска беше рангирана на 114. место на ВТА листата, а по овој неверојатен успех се очекува да направи огромен скок и да влезе меѓу најдобрите 20 тенисерки во светот.

По победата во полуфиналето, Хвалинска проговори и за Новак Ѓоковиќ, истакнувајќи го неговото значење во тенисот. „Прво бев најголем навивач на Роџер Федерер. Кога почнав да играм, сè се вртеше околу него. Потоа дојдоа Рафаел Надал, па Новак Ѓоковиќ. Сега само се молам Новак да продолжи за да можам да го гледам како игра. Многу сум благодарна што пораснав во оваа епоха. Понекогаш гледам стари мечеви. Тие се како поезија“, изјави Хвалинска.

Таа додаде дека ги цени и младите ѕвезди како Карлос Алкараз и Јаник Синер, но дека „големата тројка“, предводена од Ѓоковиќ, сепак е на едно повисоко ниво. Хвалинска во финалето, кое ќе се одигра во сабота во 15 часот, ќе се соочи со Мира Андреева.