Катастрофални вести за австриската фудбалска репрезентација пред почетокот на Мундијалот, се повреди нивната главна ѕвезда, Криштоф Баумгартнер, и ќе го пропушти Светското првенство.
26-годишниот Баумгартнер повредата ја заработи вчера, на загревањето пред пријателскиот натпревар против Тунис. Ова е голем удар за Австријците бидејќи тој беше фудбалерот кој е во најдобра форма.
Баумгартнер оваа сезона даде 17 голови за Лајпциг во Бундеслигата и имаше осум асистенции.
Се работи за мускулна повреда за која е потребна подолга пауза и тој дефинитивно ќе го пропушти Мундијалот.