Поранешниот пилот на Формула 1, Дејвид Култард, приредил екстравагантна ергенска вечер пред неговата венчавка со шведската манекенка Сигрид Силверсанд, која спортаблоидите траела дури 13 часа.
Поранешниот пилот од Формула 1 и актуелен ТВ кореспондент, Дејвид Култард, организирал ергенска вечер во шпанското летувалиште Пуерто Банус. Таблоидите пренесуваат дека 55-годишниот Шкотланѓанец бил забележан како тетерави по улиците во раните утрински часови, потпомогнат од пријатели, по 13-часовна прослава.
Забавата започнала во луксузниот хотел „Хард Рок“ и продолжила во ексклузивниот „Оушн Клаб“, собрала познати лица како Крис Хјуз, сопругот на Аманда Холден, и легендарниот Ф1 коментатор Мартин Брандл. Според очевидци, друштвото не штедело, плаќајќи над 1.000 фунти само за лежалка покрај базен и услуги од приватен келнер. „Дејвид беше исклучително расположен, се фотографираше со обожаватели и не ја испушташе чашата од рака. Во еден момент се лизна и за малку ќе паднеше, но сето тоа му беше многу смешно“, изјавил еден од присутните.
По целодневна забава со шампањ и коктели, екипата накратко се вратила во хотел, за потоа да продолжи во познатиот бар „Ла Сала“. Додека Мартин Брандл си заминал на спиење нешто по полноќ, Култард останал до крај, а во еден момент бил виден како држи две непознати девојки за раце.
Околу еден часот по полноќ, поранешниот возач на Мекларен конечно тргнал кон хотелот, но му била потребна помош за да оди. Неговиот пријател Крис Хјуз морал да го смири обезбедувањето, велејќи низ смеа: „Сè е под контрола, јас ќе го однесам на спиење“.
Култард наскоро ќе се венча со својата 23 години помлада избраничка Сигрид. Церемонијата на венчавка ќе се одржи во Монако, додека големата прослава е планирана за јули во неговата родна Шкотска.