Кошарка

Нуркиќ ја разгоре фантазијата на „Гробарите“: „Штета што не добив понуда од Партизан!“

Нуркиќ ја разгоре фантазијата на „Гробарите“: „Штета што не добив понуда од Партизан!“

Босанскиот НБА центар Јусуф Нуркиќ изјави дека би сакал да добие понуда од Партизан, што предизвика бура од коментари кај навивачите на белградскиот клуб.

Изјавата на Јусуф Нуркиќ, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, предизвика вистинска лавина од коментари меѓу навивачите на Партизан. Гостувајќи во подкастот „X&O’s“ кај Един Авдиќ, искусниот НБА кошаркар отворено зборуваше за белградскиот клуб и изрази жалење што никогаш во кариерата не добил повик од Хумска.

Нуркиќ, кој е слободен играч ова лето, не криеше дека можноста да го облече црно-белиот дрес би била многу интересна опција за него. „Не сум имал понуда од Партизан, барем колку што знам, но би сакал да сум имал“, изјави Нуркиќ, кој во раната фаза од кариерата во АБА лигата важеше за еден од најдоминантните млади играчи.

Во својот препознатлив стил, додаде и реченица која особено ги заинтригира навивачите на Партизан: „Сега сум на биро!“, порача со насмевка, што веднаш предизвика лавина од коментари и шпекулации меѓу „Гробарите“.

Иако конкретни преговори со Партизан немало, неговиот коментар многумина го протолкуваа како индиректна порака дека доаѓањето во редовите на црно-белите би претставувало сериозна и привлечна опција за него. Нуркиќ има богато НБА искуство, играјќи за Денвер, Портланд, Феникс, Шарлот и Јута, а со години е и еден од клучните играчи на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.