nekategorisano

Левандовски се збогува со Барселона: „Мисијата е исполнета, време е за понатаму“

Левандовски се збогува со Барселона: „Мисијата е исполнета, време е за понатаму“

Роберт Левандовски по четири сезони и три титули во Ла Лига се збогува со Барселона, истакнувајќи дека неговата мисија е исполнета и дека е време за нови предизвици.

Роберт Левандовски, еден од најефикасните напаѓачи на својата генерација, официјално ја напушта Барселона по четири успешни сезони. Иако веќе неколку недели кружеа шпекулации дека каталонскиот клуб нема да му го обнови договорот, полскиот голгетер се збогуваше со емотивна порака до клубот и навивачите.

„По четири години полни со предизвици, напорна работа и незаборавни моменти, време е да продолжам понатаму. Заминувам со чувство дека ја исполнив својата мисија. Ова беа четири интензивни сезони, во кои освоивме три шампионски титули и ја вративме Барселона на местото што ѝ припаѓа“, напиша Левандовски на социјалните мрежи, заблагодарувајќи се на поддршката од навивачите и истакнувајќи дека Каталонија секогаш ќе има посебно место во неговото срце.

Посебна благодарност упати и до претседателот Жоан Лапорта, кој му овозможи да доживее едно од најважните поглавја во својата кариера. „Овој клуб има светла иднина и горд сум што придонесов за неговиот раст. Барса се врати таму каде што ѝ е местото. Виска ел Барса и Виска Каталуња“, додаде Левандовски.

И покрај своите 37 години, Левандовски е сè уште во одлична форма. За четири сезони одигра 191 натпревар, постигна 119 гола и забележа 24 асистенции. Само оваа сезона имаше 18 гола и четири асистенции, иако пропушти неколку натпревари. Понуди веќе пристигнуваат од гиганти како Јувентус и Милан, додека Ал Хилал од Саудиска Арабија му нуди неверојатни 80 милиони евра. Клубови од МЛС лигата исто така го посакуваат како икона и специјален играч.

Откако не му се оствари желбата да игра на Светското првенство со Полска, Левандовски сега ќе има време да одлучи дали ќе продолжи во врвните европски лиги или ќе се пресели во порелаксиран фудбал во Азија или Америка.


Izvori