Фудбал

Вардар ги раскина договорите со двајца фудбалери

Вардар ги раскина договорите со двајца фудбалери

Вардар информираше за разделба со двајца свои играчи кои немаа голема минутажа во изминатата сезона.

Клубот го напуштија голманот Ведран Ќосевски и офанзивниот фудбалер Михаил Талевски. Двајцата спогодбено ги раскинале договорите со клубот и сега се слободни играчи.

Ќосевски беше втор голман на Вардар, не можеше да добие шанса поради одличните изданија на првата опција, Давор Талевски.

Талевски беше херојот на Вардар кога црвено-црните го освоија Купот на Македонија, даде два гола во финалето против Струга минатата година за победа на Вардар од 2-0. Но, во минатата сезона не се изнаигра.