Фудбал

Валенсија го задржува Димитриевски: Договорот продолжен до 2028 година!

Валенсија го задржува Димитриевски: Договорот продолжен до 2028 година!

Македонскиот голман Столе Димитриевски ќе остане во Валенсија до јуни 2028 година, откако клубот еднострано ја активираше клаузулата за продолжување на договорот.

Фудбалскиот клуб Валенсија донесе одлука да го задржи македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, активирајќи клаузула за еднострано продолжување на неговиот договор. Со овој потег, Димитриевски ќе остане на „Местаља“ до јуни 2028 година, како што објави „ЕлГолДигитал“.

Одлуката на Валенсија доаѓа како резултат на одличните настапи на Димитриевски во изминатиот период. Клубот ќе треба да му исплати бонус кој бил вклучен во претходниот договор, со што си обезбедува стабилност на голманската позиција и покрај интересот од други екипи.

Тренерот Карлос Корберан и спортскиот сектор го оценија овој потег како стратешки важен за тимот. Димитриевски пристигна во Валенсија во 2024 година и првично беше резерва, но по повредата на Јулен Агирезабала, ја презеде одговорноста и блесна на голот.

Македонскиот голман оваа сезона настапи на 20 натпревари како стартер и со игрите потврди дека е еден од најдобрите во Ла Лига.