Фудбал

Џејми Варди на петиот натпревар се израдува на првенецот во новиот клуб (ВИДЕО)

Џејми Варди на петиот натпревар се израдува на првенецот во новиот клуб (ВИДЕО)

Првенецот на Џејми Варди во дресот на Барнли остана во сенка на пресвртот на Вулверхемптон на „Турф Мур“, во натпреварот од 11. коло во Чемпионшип, кој гостите го добија со 2-1.

Искусниот напаѓач летово се приклучи на екипата од Чемпионшип, но на првите четири настапи не успеа да се запише во листата на стрелци. Тоа се промени во 20. минута од дуелот со „волците“.

39-годишниот Варди одлично ја искористи асистенцијата на Јакоб Бруун Ларсен, па со прецизен удар од работ на шеснаесетникот ја испрати топката во подалечниот агол од голот.