Един Џеко синоќа го одигра последниот натпревар за Босна и Херцеговина, напаѓачот со многу емоции се збогува со репрезентацијата на која и даде сѐ.
Навивачите го испратија Џеко во репрезентативна пензија, тој од денеска станува минато кога играта е во прашање, но тој е вечност за репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
„Сакав да е 1 април и да можев да кажам дека не се збогувам. Но, немам веќе години за такви шеги. Ова е вистинскиот момент. Ја оставам репрезентацијата во добра состаојба, има млади момци кои ќе бидат сѐ подобрии подобри. Имаме играчи кои знаат да даваат голови и заминувам среќен. Сега сум на оваа вашата, навивачка страна“, рече Џеко по вчерашниот меч.
„Сега треба малку да се одморам, бидејќи ова беше и физички и психички напорно. Ќе ми треба малку време, но брзо ќе посакам нешто да правам. А што ќе биде тоа, ќе видиме“.