Фудбал

Љупчо Дориев доби долг договор во Согдиана

Љупчо Дориев доби долг договор во Согдиана

Македонскиот интернационалец Љупчо Дориев ќе остане во Узбекистан уште долго време.

Крилниот фудбалер потпиша нов договор со Согдиана до 2030 година.

Дориев е еден од клучните фудбалери на тимот од Џизак од неговото доаѓање во 2023 година. Македонецот зад себе има одличен учинок во дресот на Согдиана со 38 голови и 21 асистенција на 74 првенствени натпревари.

Пред трансферот во Узбекистан, Дориев настапуваше за Брера Струмица, Хоризонт Турново, Академија Пандев и Шкендија, а добрите игри во тетовскиот клуб му го отворија патот кон интернационална кариера.