И вечерашните натпревари во Лигата на шампионите каде што се играше четвртото коло донесоа возбудувања, а дербито се играше во Мадрид каде што се радуваше Баерн Минхен.
Германскиот гигант славеше победа од 2-0 против Атлетико во дуел во кој беше многу подобар противник и можеше да слави и поубедливо со оглед на шансите. Првото полувреме не донесе ппогодоци, додека Баерн го реши дуелот со два погодоци во второто полувреме. Прво Карл го отвори резултатот во 54-тата минута за потоа Лајмер по асистенција на Кејн да ги постави конечните 2-0.
Многу повеќе драма донесе натпреварот на „Олд Трафорд“ каде што гостуваше Рома имаше 2-0 на пауата, но потоа Јунајтед направи пресврт и славеше со 3-2.
Рома одлично го почна натпреварот и по 17 минути веќе водеше со 2-0. Суле го отвори резултатот во 11-тата, а шест минути подоцна по играта со Далот со рака во шеснаесетникот, Мален реализираше најстрога казна за 2-0. Продолжи Рома да напаѓа и да создава шанси и по двата постигнати гол, но трет гол немаше.
Во второто полувреме улогите на теренот целосно се променија, Јунајтед ја презема контролата, додека Рома веројатно сакајќи да ја чува предноста се повлече. Таквата игра „ѓаволите“ ја искористија во 58-та минута кога Фернандеш од пенал намали на 2-1. Само 60 секунди подоцна, Мбуемо излезе сам пред голманот на Италијанците, но топката ги погоди двете стативи и не заврши во голот.
Не се откажаа домаќините и херој во финишот беше Куња. Во само три минути во 83-тата и 86-тата минута постигна два гола за целосен пресврт. Во самиот финиш напаѓачот непотребно беше невниматален и заработи втор жолт картон, па Рома четири минути имаше играч повеќе. Сепак, време барем да дојдат и до бод немаше.
За Манчестер јунајтед оваа победа е посебно важна затоа што англискиот гигант ја прекина серијата од девет натпревари без победа во сите натпреварувања.
Европскиот шампион ПСЖ немаше проблеми и го декласираше Виљареал во Шпанија со 6-0, Барселона на свој терен исто така беше сигурна со 3-0 против Астон Вила, Интер со ист резултат го победи Феенорд во Холандија, додека единствен дуел без погодоци беше премсетката на Бодо и Лил.