Фудбал

Јуве само двапати претходно стартувал со три порази по првите девет кола – еднаш освоил Скудето!

Јуве само двапати претходно стартувал со три порази по првите девет кола – еднаш освоил Скудето!

Јувентус синоќа им приреди ново разочарување на навивачите откако загуби кај Џенова со 2-0. Момците на Спалети веќе имаат сериозно заостанување зад ривалите.

Но, историјата вели дека не е се загубено. Во ерата на Серија А во која победата се вреднува со три бода, ваков лош старт со три порази од првите девет кола, Јувентус имал само двапати.

Првиот пат бил во сезоната 1995/96, кога тимот го предводеше Марчело Липи, а „старата дама“ на крајот заврши како вицешампион, зад Милан.

Вториот пат е во сезоната 2015/16, под водство на Макс Алегри, тогаш Јувентус успеа да се врати на победничкиот пат, ја доби трката со Наполи за титулата и на крајот се радуваше на Скудетото.

Навивачите на Јувентус може да се повикаат на историјата и уште да ја одржуваат надежта без разлика колку далеку изгледаат првите места од оваа гледна точка.