Фудбал

Јувентус рутински ги освои бодовите против Лече (ВИДЕО)

Јувентус рутински ги освои бодовите против Лече (ВИДЕО)

Јувентус ја оправда фаворитската улога и освои три бода на гостувањето кај Лече, совладувајќи го домашниот тим со 2:0 во натпреварот од осмото коло во италијанската Серија А.

„Старата дама“ уште во првото полувреме ја направи клучната разлика, користејќи ја иницијативата и создадените можности пред противничкиот гол.

Резултатот беше отворен во 29. минута, кога Вестон Мекени одлично реагираше по центаршутот на Даглас Луиз и ја испрати топката во мрежата на Фалконе.

Јувентус продолжи со офанзивната игра, а во 41. минута стигна и до втор погодок. Даглас Луиз се запиша меѓу стрелците со одличен удар од околу 20 метри, зголемувајќи ја предноста на гостите на 2:0. Претходно, Коло Муани не успеа да реализира добра шанса за удвојување на водството.

Во продолжението, торинскиот гигант без поголеми проблеми го контролираше резултатот и не му дозволи на Лече сериозно да се врати во натпреварот. Работата на домаќините дополнително се искомплицира по исклучувањето на Гаспар, па Лече го заврши мечот со играч помалку.

Со оваа победа, Јувентус стигна до 14 бода и се искачи на седмата позиција на табелата. Лече останува на девет бода и го зазема 12. место во Серија А.