„Бјанконерите“ понудија 2,5 милиони евра за позајмица и опција за откуп на холандскиот напаѓач.
Јувентус е блиску до ангажман на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе. Италијанскиот гигант испратил официјална понуда до „црвените ѓаволи“ за холандскиот репрезентативец, пренесува трансфер-експертот Џанлука Ди Марцио.
Според информациите, Јувентус нуди 2,5 милиони евра за едногодишна позајмица, со опција за откуп на Зиркзе за дополнителни 30 милиони евра по завршувањето на сезоната.
Манчестер Јунајтед, пак, ја проценува вредноста на 25-годишниот напаѓач на 35 милиони евра. Сепак, разликата во ставовите на двата клуба не е голема и се очекува во завршницата од преодниот рок да биде постигнат договор.
Единствената пречка во моментов е тоа што Манчестер Јунајтед сака најпрво да обезбеди замена за Зиркзе пред да даде конечна согласност за неговото заминување.
Како едно од можните решенија се споменува напаѓачот на Атлетико Мадрид, Александер Сорлот. Норвежанецот претходно беше поврзуван и со Фиорентина, но преговорите со италијанскиот клуб пропаднале откако Сорлот го избрал предлогот од Јувентус.
Доколку двата клуба ги усогласат последните детали, Зиркзе би можел да го продолжи своето искуство во Италија, овојпат во дресот на Јувентус.