Фудбал

Јувентус го доби Наполи: Алајбеговиќ и Бога ги израдуваа „бјанконерите“ (ВИДЕО)

Јувентус го доби Наполи: Алајбеговиќ и Бога ги израдуваа „бјанконерите“ (ВИДЕО)

Дури во вториот дел тимот на Лучијано Спалети успеа да дојде до победата.

Дури во вториот дел Јувентус успеа да го скрши отпорот на Наполи, и да го совлада со 2:0 во денешното дерби во италијанската Серија „А“. На крајот „бјанконерите“ славеа со 2:0 благодарение на головите на Алајбеговиќ и на Бога.

Во првиот дел Јувентус имаше неколку шанси, меѓутоа не ги искористи, пред се Алајбеговиќ. Но, интернационалецот од Босна и Херцеговина во 70. минута по одличен удар со левата нога, го совлада Мерет и донесе предност.

Потоа на неговото место влезе Бога, кој стави печат на победата во 87. минута. На додавање на Камбиасо, и убав удар, Бога успеа да ја затресе мрежата на Наполи и да донесе водство од 2:0 кое беш задржано до крај за голема победа на Јувентус.