Одбојка

Јованов: Горд сум, се боревме достоинствено против силната Бугарија

Јованов: Горд сум, се боревме достоинствено против силната Бугарија

Македонските одбојкари со пораз од Бугарија го почнаа Европското првенство, Македонија не разочара со оглед на тоа дека противникот е светски вицешампион и игра на негов терен.

Дебитантот во нашата репрезентација, Филип Јованов е задоволен од себе и од своите соиграчи.

„Тоа што го кажавме пред натпреварот мислам дека го исполнивме. Се боревме и достоинствено се претставивме. Бугарија сепак е светски вицешампион, ова е едно одлично искуство, салата беше речиси полна. Не знам што би кажал освен дека сум горд на себе и момците, се надевам дека во следните два натпревари ќе прикажеме уште подобра игра“, изјави Јованов.

Следниот натпревар на Македонија е утре против Украина од 15 часот. Мечот како сите други на македонската репрезентација на ова ЕП, ќе може да го следите на Арена Спорт Македонија.