Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал е уверен дека ќе ја освои „Златната топка“, па веќе изнајмил приватен авион со кој на церемонијата во Лондон ќе ги донесе пријателите и семејството.
Шпанското радио „КОПЕ“ објави дека фудбалерот на Барселона најавил и прослава за престижната награда затоа што верува дека освојувањето на Ла Лига и Светското првенство (СП) ќе му помогнат да го крене пехарот.
Интересно е тоа што Јамал и минатата година организирал прослава, но тогаш заврши на втората позиција, зад Осман Дембеле од ПСЖ.
Сепак, според обложувалниците најголем фаворит за признанието оваа година не е Јамал, туку напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн кој има извонредна сезона зад себе.
Кејн успеа да постигне дури 73 голови во 65 настапи за германскиот шампион и англиската репрезентација.