Ламин Јамал испрати самоуверена порака до Франција веднаш по пласманот на Шпанија во полуфиналето на Светското првенство. Младиот фудбалер порача дека „триколорите“ имаат причина да стравуваат, потсетувајќи дека Шпанија веќе двапати ја совлада Франција во последните неколку години.
„Ако Франција треба од некого да стравува, тоа сме ние. Веќе двапати ги победивме. Искрено, мислам дека сме двете најсилни селекции на Светското првенство, но никого не се плашиме“, изјави Јамал.
Тој се осврна и на критиките за играта на Шпанија, нагласувајќи дека противниците речиси секогаш се бранат против неговата репрезентација.
„Можеби изгледа дека не играме најдобро, но сите се повлекуваат против нас. Никој не игра отворено. Најважно е што повторно победивме. Среќни сме, но не сме задоволни. Дојдовме да останеме до финалето“, порача Јамал.
Средбата меѓу Шпанија и Франција се игра во вторник во 21:00 часот.