Фудбал

Ѓорѓи Мојсов стана тренер на тим од српската Суперлига

Ѓорѓи Мојсов стана тренер на тим од српската Суперлига

Ова е прв интернационален предизвик како стратег за 41-годишниот Мојсов.

Доскорашниот тренер на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов со прв интернационален предизвик како тренер. Мојсов стана нов предводник на српскиот суперлигаш Земун.

Тимот се одлучи за тренерска смена, откако освои само еден бод во првите осум кола, па Милан Куљиќ е веќе поранешен.

Одлуката падна довербата да му се даде на Мојсов, кој досега има искуство со водење на Тиквеш, со кого го освои Купот на Македонија. 41-годишниот стратег претходно беше и асистент во кавадаречкиот тим.

Како играч беше дел од неколку прволигаши, меѓу кои и Тиквеш, Хоризонт Турново, Ренова, Пелистер, Вардар, Работнички, а играше и во Романија во Отелул, потоа во унгарски Ѓер, а исто така има играно и во Србија, во дресот на Металац.