По историскиот пласман на главниот турнир на Вимблдон, Лина Ѓорческа пријави учество и во квалификациите за УС Опен.
УС Опен ноќеска го објави списокот на учесници. На списокот на дамите оние кои се пријавени под 102 место имаат директен пласман на главниот турнир, директен имаат и тие со специјални покани од организаторот. Останатите пријавени, меѓу кои е и Ѓорческа, ќе се обидат преку квалификациите да стигнат до главниот турнир.
Ѓорческа минатиот месец направи историски успех, играше на главниот турнир на Вимблдон. Македонската тенисерка ќе се обиде да го направи истото и на УС Опен.
Списокот на пријавени може да го видите на овој ЛИНК.