Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, со голема победа го почна настапот на турнирот од ВТА 125, ја елиминираше седмата носителка, Србинката Миа Ристиќ со 2-0 (6-1, 6-3) во сетови.
Ристиќ е за 60 позиции подобро пласирана од Ѓорческа на ВТА листата, но денеска доминираше македонската тенисерка.
Лина тргна фуриозно, водеше со 4-0 во првиот сет, го доби со 6-1 и поведе со 1-0.
Доминацијата продолжи во вториот сет, овојпат противничката доби три гема, сетот заврши 6-3.
Следната противничка на Ѓорческа ќе биде италијанската тенисерка Аурора Ѕантедески, која претходно без поголеми проблеми ја совлада Софија Лансере (6-2, 6-2).