Тенис

Ѓорческа поразена на стартот во Загреб

Ѓорческа поразена на стартот во Загреб

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да ја мине првата пречка на ИТФ фјучрс турнирот во Загреб.

Ѓорческа со 1-2 во сетови загуби од Екатерина Казинова од Русија која беше значително послабо рангирана од нашата Лина.

Македонската тенисерка имаше фуриозен старт на мечот добивајќи го првиот сет со 6-1, но потоа работите се сменија.

Ѓорческа ги загуби наредните два сета со 5-7 и 4-6 ги беше поразена со 1-2 во сетови.