Тенис

Ѓоковиќ со солзи во очите играше – првпат е елиминиран во 1. коло на УС Опен! (ВИДЕО)

Ѓоковиќ со солзи во очите играше – првпат е елиминиран во 1. коло на УС Опен! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ уште во првото коло го заврши настапот на УС Опен откако загуби од аргентинскиот тенисер Маријано Навоне со 2-3 (6-7, 7-5, 6-4, 2-6, 1-6) во сетови.

Најдобриот тенисер во историјата прват во својата кариера загуби меч во првото коло на УС Опен, беше поразен од Навоне кој е 48. на АТП ранг листата.

Новак речиси во текот на целиот меч имаше физички проблеми, прво поради влагата, потоа повраќаше на теренот, па го мачеше левото стапало и на крајот имаше проблеми со грбот.

Во петтиот сет играше со солзи во очите, веројатно веќе сфаќа дека телото не му дозволува повеќе да се бори за најголемите титули.