Тенис

Ѓоковиќ по тешката победа во Париз: Не е лошо за еден старец (ВИДЕО)

Ѓоковиќ по тешката победа во Париз: Не е лошо за еден старец (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со пресврт го започна својот настап на Мастерсот во Париз, откако по голема борба го совлада Валентин Вашеро со 6-7(5), 7-5, 6-1 и се пласираше во второто коло.

Ѓоковиќ по натпреварот призна дека имал тежок предизвик на стартот, но притоа се пошегува на своја сметка поради тоа што и на 39 години игра на врвно ниво.

„Навистина беше тешко, но го очекував тоа по неговата одлична недела. Ги искористив грешките, успеав да победам. Беше напорно поради долгите размени на удари во третиот сет. Сепак, не е лошо за еден старец. Луѓето мислат дека сум многу стар и бавен, но некако успевам да најдам начин да победам во вакви натпревари“, кажа Ѓоковиќ.,

Србинот во второто коло на турнирот во Париз ќе се соочи со Австралиецот Ринки Хиџиката.