Новак Ѓоковиќ со пресврт стигна до победа над Валентин Вашеро и обезбеди пласман во втората рунда на Мастерсот во Париз. Српскиот тенисер по нешто повеќе од два и пол часа игра славеше со 2-1 во сетови, иако не го започна мечот според посакуваното сценарио.
Првиот сет донесе изедначена борба, во која двајцата тенисери успешно ги бранеа своите сервиси, па победникот мораше да биде решен во тај-брејк. Таму Вашеро се покажа посигурен во завршницата и со 7-5 поведе со 1-0 во сетови.
Тенисерот од Монако продолжи во добар ритам и на почетокот од вториот сет, кога веднаш направи брејк и поведе со 2-0. Сепак, Ѓоковиќ не дозволи противникот да ја преземе контролата врз мечот, брзо возврати и го врати резултатскиот баланс.
Одлучувачкиот момент во вториот сет се случи во 12. гем, кога српскиот ас го искористи падот во играта на Вашеро, направи брејк и со 7-5 израмни на 1-1 во сетови.
Во решавачкиот сет на теренот постоеше само еден тенисер. Ѓоковиќ целосно ја презеде иницијативата и му препушти само еден гем на противникот, за убедливи 6-1 и конечен триумф од 2-1.
Така, српскиот тенисер успешно ја започна битката на парискиот Мастерс, додека Вашеро, кој пред само неколку дена го освои турнирот во Базел, не успеа да има уште еден успешен настап.
Противник на Ѓоковиќ во втората рунда ќе му биде Австралиецот, Ринки Хиџиката.