Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон и продолжи со низата од пет победи во мечеви подолги од пет часа.
Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е најголемиот тенисер на сите времиња, пласирајќи се во полуфиналето на Вимблдон. Српскиот ас го прошири својот неверојатен рекорд – никогаш не изгубил меч кој траел подолго од пет часа.
Најдолгиот меч во неговата кариера беше финалето на Австралија опен во 2012 година против Рафаел Надал, кое траеше 5 часа и 53 минути и заврши со победа на Ѓоковиќ. На Вимблдон 2018 го победи Надал по 5 часа и 15 минути, исто колку и Феликс Оже-Алиасим годинава во вторникот на истата подлога.
Покрај тоа, Ѓоковиќ славеше и против Стан Вавринка на Австралијан опен 2013 по 5 часа и 2 минути, а точно пет часа му беа потребни да го победи Маркос Багдатис на Вимблдон 2007. Но, има уште поневеројатен податок поврзан единствено со грен слемовите на трева.
На Вимблдон, Ѓоковиќ досега одиграл 24 поени во тај-брејковите на последниот сет и притоа не направил ниту една неизнудена грешка. Тој ќе се соочи со светскиот рекет број 1 и актуелен шампион Јаник Синер во денешното полуфинале.