Рускиот тенисер Данил Медведев кажа дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не треба да добие специјална покана за настап на завршниот мастерс во Торино доколку не успее да се пласира меѓу осумте најдобри тенисери во сезоната.
Медведев кажа дека натпреварувањето треба да биде резервирано за тенисерите кои си го заслужиле местото со резултатите во текот на годината.
„Не треба да постојат вајлд-карти. Веќе постои правило според кое освојувач на гренслем-турнир може да добие место ако не е меѓу првите осум. Мислам дека нема потреба да се додаваат дополнителни правила“, кажа Медведев.
Русинот, сепак, смета дека Ѓоковиќ сè уште има време да се пласира на завршниот турнир и да се борат за нов пехар, откако веќе освои седум титули на овој мастерс.
Завршниот мастерс во Торино треба да се одржи од 15 до 22 ноември.