Тенис

Ѓоковиќ го дозна терминот за првиот меч во Париз

Ѓоковиќ го дозна терминот за првиот меч во Париз

Новак Ѓоковиќ утре го почнува мастерсот во Париз, a сега го дозна и терминот во кој ќе настапи.

Неговиот дуел против Валентан Вашеро е трет на програмата на централниот терен. Програмата започнува во 11:00 часот со натпреварот меѓу Риндеркнеш и Серундоло, по што следува дуелот меѓу Давидович Фокина и Куаме, а потоа на теренот ќе излезат Ѓоковиќ и Вашеро.

Тоа значи дека Новак нема да го го започне својот натпревар пред 14:00 или 15:00 часот. Победникот од овој дуел во второто коло ќе се соочи со Австралиецот Ринки Хиџиката.

Вашеро во неделата го освои турнирот во Базел, каде што Ѓоковиќ беше елиминиран во осминафиналето од Јан-Ленард Штруф. Новак во Париз има седум титули, а во претходните две сезони не настапуваше на турнирот.