Фудбал

Што велат симулациите: Светскиот првак со најмали шанси да го повтори успехот од Катар!

Што велат симулациите: Светскиот првак со најмали шанси да го повтори успехот од Катар!

По комплетирањето на четвртфиналните натпревари на Светското првенство, познато е сè во борбата за медалите.

Пред полуфиналињата платформата „Football Meets Data“ објави нова прогноза за шансите на преостанатите четири селекции за освојување на титулата.

Според анализата, која се темели на 50.000 симулации за секој натпревар, најголем фаворит е Франција со 31% шанси да стане светски шампион. Следува Шпанија со 25%, Англија има 23%, додека Аргентина е последна меѓу полуфиналистите со 21%.

Интересно е што двете највисоко рангирани репрезентации ќе се соочат една против друга во полуфиналето. За пресметката меѓу Франција и Шпанија, суперкомпјутерот им дава 55% шанси на Французите да обезбедат место во големото финале.