Експедицијата на Шпанија денеска пристигна во својата татковина со големиот пехар. Вечерва во Мадрид ќе има голема прослава на титулата светски првак.
Шпанија синоќа ја освои втората титула светски првак, откако во финалето ја совлада Аргентина со 1-0 со голот на Феран Торес на стартот од второто продолжение. Со тоа Шпанците сосема заслужено стигнаа до најблескавиот трофеј на репрезентативно ниво.
Попладнево експедицијата на Шпанија пристигна во Мадрид, а за вечерва во главниот град е најавена голема прослава.
Фештата почнува во 18:00 часот, и ќе трае до доцните вечерни часови, каде што автобусот со фудбалерите ќе се движи низ улиците на Мадрид.
Инаку, вчера во прославата на титулата се случи трагедија кога загина 13-годишно момче.
¿Esto es un autobús o un karaoke?
— Selección Española Masculina de Fútbol (@SEFutbol) July 20, 2026
Raphael, Bad Bunny, Leiva… ¡QUÉ SIGA LA FIESTA!#VamosEspaña pic.twitter.com/M8qHRacYfc