Фудбал

Шпанија притискаше, Аргентина се одбрани и остана со играч помалку: Ќе се играат продолженија во финалето

Шпанија притискаше, Аргентина се одбрани и остана со играч помалку: Ќе се играат продолженија во финалето

Шпанците во регуларниот дел имаа позрели шанси, Аргентина немаше ништо, но успеа да се одбрани. Светскиот првак остана со играч помалку по црвениот картон на Енцо Фернандез во судиското продолжение.

Немаше голови во големото финале во регуларниот дел помеѓу Шпанија и Аргентина, па ќе се играат продолженија. А, во нив, Шпанците влегуваат со предност со оглед дека Аргентина има играч помалку по црвениот картон на Енцо Фернадез во судиското надополнување. После еден опасен старт на Енцо врз Кубарси, доби втор жолт, и беше испратен во соблекувалната.

Ламин Јамал беше најопасна фигура во Шпанија, откако имаше шанса уште по пет минути игра, а потоа и во 96. минута од слободен удар опасно се закани, но Емилијано Мартинез успеа да одбрани. Имаше позрели шанси Шпанија, притискаше повеќе, но Аргентина благодарение на Мартинез ја сочува мрежата.

Одиме во продолженија, а можеби и низ пенали се додека не го добиеме новиот или стар светски првак.