Кошаркарите на Валенсија беа поразени на гостувањето кај Барселона во деветтото коло од Евролигата, а Американецот со македонски пасош, Ти Џеј Шортс имаше солиден настап.
Првата четвртина понуди голема борба на паркетот, а Барселона ја доби со 30-25, додека возбудувањата продолжија и до крајот на првото полувреме, при што Валенсија намали на 42-44 пред паузата.
Валенсија успеа да направи и целосен пресврт (58-53) на стартот на третата четвртина, а жестоката борба меѓу двете екипи продолжи и во завршницата, каде што по голема неизвесност славеше домашниот тим со 98-94.
Најефикасен во победничкиот тим беше Џастин Робинсон со 22 поени и една асистенција, додека Армони Брукс постигна 26 поени за Валенсија, а Шортс го заврши мечот со 11 поени, еден скок и две асистенции.
Останати резултати:
Анадолу Ефес – Панатинаикос 83-68
Жалгирис – Партизан 87-80
Асвел – Басконија 94-79
Олимпијакос – Милано 84-78
Виртус Болоња – Бешикташ 101-13