Новак Ѓоковиќ загуби во второто коло на турнирот во Париз, беше поразен од Ринки Хиџиката, а тоа значи дека ги загуби шансите за место на завршниот турнир во Торино.
Ѓоковиќ одлично го почна натпреварот, го доби првиот сет со убедливи 6-2 и ништо не наговестуваше изненадување.
Но, Хиџиката кој е 83. на АТП листата, наредните два сета ги доби со 6-3 и 6-3 и триумфираше со 2-1.
Поразот на Ѓоковиќ на овој меч значи дека нема да настапи на завршниот турнир во Торино.