Фудбалерите на Венеција приредија огромно изненадување и во седмото коло од Серија А ја запишаа првата победа сезонава против Наполи со 1-0.
Венеција во дуелот влезе од последното место на табелата со шест порази во исто толку натпревари, па поради тоа Наполи беше голем фаворит, но избраниците на Алегри приредија разочарување за своите навивачи.
По првиот дел во кој немаше голови, моментот на одлука се случи на стартот на второто полувреме кога Адамс го постигна единствениот гол на натпревар.
Наполи има за што да жали затоа што првата ѕвезда на тимот Кевин Де Брујне не реализираше пенал на 20-тина минути пред крајот на средбата. Оваа победа на Венеција доаѓа веднаш откако тренерот Џовани Стропа пред три дена доби отказ, а него го наследи Давиде Никола.