Наполи потврди дека Скот Мектоминеј ќе мора да паузира поради проблем со срцето.
Шкотскиот репрезентативец бил подложен на дополнителни медицински прегледи, по кои било утврдено дека има лесна и бенигна аритмија. Поради тоа, во следните денови ќе биде извршена корективна процедура со пулсна аблација.
Од Наполи информираат дека не станува збор за сериозен здравствен проблем, но Мектоминеј ќе мора да помине низ период на опоравување. Според најавите, 29-годишниот играч за врска би требало да се врати на терените по следната репрезентативна пауза.
Проблемот бил забележан по натпреварот против Комо, кој Наполи го загуби со 1:2. Мектоминеј го започна натпреварот од првата минута, но беше заменет во 59. минута.
Тренерот Масимилијано Алегри претходно откри дека фудбалерот имал одредени проблеми кои му отежнувале нормално да тренира со екипата.
Мектоминеј пристигна во Наполи од Манчестер Јунајтед и во досегашниот период се наметна како еден од клучните фудбалери во средниот ред. За италијанскиот шампион има 82 настапи, 27 голови и 10 асистенции.
Минатата сезона Шкотланѓанецот беше прогласен за најдобар играч во Серија „А“.